среда, 9 октомври 2024

Ивана Гиновска од ЗНАМ е новата директорка на инспекторатот за животна средина

Ивана Гиновска од Куманово е новата директорка на Државниот инспекторат за животна средина. Гиновска е родена во Скопје 1989 година и е магистер на економски науки – маркетинг менаџмент.

Објавено на

часот

Сподели

Гиновска досега работела како банкарски службеник, па во Домот за стари лица „Зафир Сајто“ во Куманово и во ЈП „Куманово паркинг“. Член е и на Управниот одбор на заедничкото јавно претпријатие за управување со отпад „Еко Исток – Североисток“.

На последните парламентарни избори годинава беше кандидат за пратеник во изборна единица 2 на листата на движењето ЗНАМ – За наша Македонија.

На местото директор на Државниот инспекторат за животна средина е назначена од Владата и ќе го замени досегашниот раководител Сретен Стојковски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ