Компанијата остана доследна на својата мисија, визија и определба за ставање фокус исклучиво на квалитет и подобрено корисничко искуство, идентично како и инвестирање на дел од добивката во нови технологии, дигитална трансформација и регрутација на талентиран кадар кој ќе се носи со новите позитивни промени на долг рок. На овој начин, со оваа динамика и стратешка поставеност, годишните таргети се сосема остварливи.
„Огромно е задоволството кога гледаме дека нашата стратегија базирана на квалитет ни донесе и успешни мерливи резултати, особено кога станува збор за нови корисници и број на трансакции. Вкупното групациско нето портфолио порасна на 265 милиони евра, со 14,4% раст споредено со крајот на минатата година, што е во линија со поставените цели за достигнување на 300 милиони евра до крајот на годината. Енергбанк исто така забележа пораст на кредитното портфолио за 14 милиони евра, што е за 21% зголемување споредено со крајот на минатата година. Дополнително, небанкарското кредитно портфолио се зголеми за 18 милиони евра, односно порасна за 10% споредено со минатата година. Во втората половина на годината ќе се фокусираме на подобрување на профитабилноста и оперативно реструктуирање на Енергнанк, со што се очекува целосно исполнување на поставените цели и дополнителен пораст на корисничката база”, објасни Тармо Силд, извршен директор на групацијата.
Целиот сумиран преглед на резултати е достапен тука.
Иуте Македонија неодамна доби и лиценца за осигурително-брокерски услуги и ќе продолжи да биде лидер во подигнување на стандардите на финансиската индустрија.
Како дел од Иуте Естонија, во изминатите 7 години постоење Иуте Македонија обезбеди пристап до финасии во износ од над 180 милиони евра на 130.000 клиенти. Со навршувањето на првиот семестар од 2024, клиентската база брои 25.000 клиенти, активното квалитетно кредитно портфолио на компанијата изнесува 29 милиони евра, додека приходите на друштвото 10,3 милиони евра.
Групацијата Иуте како водечка финтек групација во Европа со 15 години постоење е специјализирана во полето на лични финансии, платежни услуги, банкарство и осигурување, со свои подружници во Албанија, Бугарија, Молдавија и Македонија.
Комерцијален текст