На ненадејниот состанок, кој во неделата вечерта го свика францускиот претседател Емануел Макрон, ќе учествуваат и претставници од Германија, Италија, Полска, Шпанија и Данска, плус претставник од Советот на ЕУ.
Забележливо отсутни од таа група се САД, пишува Би-би-си, чии функционери наместо таму ќе бидат две временски зони подалеку, во Саудиска Арабија, подготвувајќи се за средба со руската делегација во вторник.
Француското претседателство истакна дека овој прв круг „консултативни разговори“ не треба да бидат „претерано драматизирани“, но се случуваат во момент кога Европа се обидува да се справи со острата промена во американскиот пристап кон Украина.
Минатата недела Трамп ги шокираше европските сојузници кога ги информираше дека разговарал со рускиот претседател Владимир Путин без да се консултира со нив, вели Би-би-си.
Претседателството рече дека денешниот состанок би можел да води и кон други формати и состави, можеби како обид за „утеха“ за оние на самитот на ЕУ што не се вклучени на денешната листа на покани.