понеделник, 14 октомври 2024
Италија најавува вклучување во процесот на интеграција на Балканот во ЕУ

Италјанскиот вицепремиер покренува иницијатива за изградба на Коридорот 8 преку Македонија

Објавено на

часот

Сподели

„Тргнувајќи од веќе одличните податоци за трговската размена, кои достигнаа вредност од околу 17 милијарди евра во 2022 година, ќе спроведеме иницијативи насочени кон зголемување на присуството на нашите компании на Балканот. Оваа цел ќе ја постигнеме со користење на можностите што ги дава развојот на европските инфраструктури, така што, на пример, во наредните месеци ќе организираме иницијатива посветена на таканаречениот Коридор 8, патен и железнички јазол што ја поврзува Италија со Албанија, Северна Македонија и Бугарија, стратешка оска што ги спојува Јадранот и Црното море“, вели Тајани во текстот за „Блиц“.

Тој посочи дека „внимателно ја слушаат силната побарувачка за Европа и Италија од овие земји, нивната аспирација да бидат дел од европскиот проект и потребата од заедничка работа на интеграција во механизмите и институционалниот живот на ЕУ од почетните фази на преговарачкиот процес, особено во клучните сектори како енергетиката и дигиталната транзиција, инфраструктурата, образованието и истражувањето“.

„Некои од моите колеги рекоа: сакаме да помогнеме во поставувањето на фазите на ова патување, а не само да ги следиме. Го поддржувам овој пристап, кој мора да ги вклучи сите шест земји во креирањето на следните фази од процесот на интеграција“, посочи Тајани.

Она што го бараат земјите од Западен Балкан не е попуст на реформите што треба да ги усвојат за да влезат во ЕУ. Тие бараат сигурност на процесот, на роковите и пред се на конечниот резултат.

„Навистина можев да ја почувствувам нивната фрустрација од процесот на интеграција, кој во последните години станува се понестабилен, благодарение на честото бирократско толкување на динамиката на преговорите од страна на ЕУ. На овој начин се заборава извонредната трансформативна вредност што ја има процесот на интеграција за институциите и граѓанското општество на овие земји. Европскиот сон ризикува за сите нив да стане илузија“, истакнува шефот на италијанската дипломатија.

Средбата во Рим послужи веднаш да се дадат конкретни одговори, вели Тајани. Идентификувани се неколку линии на иницијативи на кои ќе се работи во наредните месеци преку мрежи на експерти кои ќе развијат предлог проекти во сектори од заеднички интерес, од заштита и зачувување на културното наследство како одговор на актуелните предизвици, почнувајќи од климатските промени и технолошките иновации, до земјоделството и агроиндустрија.

„Јас сум оптимист за резултатите што може да се постигнат, бидејќи ја видовме подготвеноста на сите да работиме заедно, да изградиме синергија што може да му обезбеди на регионот иднина, мир и просперитет, работејќи на рушење на бариерите што го ограничуваат слободното движење на луѓето, стоки, услуги и капитал, со цел да се постигне заеднички регионален пазар како прв чекор кон интеграција на единствениот пазар на ЕУ. Имаме заеднички предизвици со Балканот, кои бараат заеднички одговори: енергетска транзиција, поддршка за раст и вработување, борба против нерегуларната миграција“, истакна Тајани.

Италија има намера да развие повеќедимензионална акција кон балканскиот регион. На политичко ниво ќе продолжи да ги зајакнува билатералните односи со секоја земја од Западен Балкан, додека во Брисел ќе биде гласноговорник на нивните барања и нивната силна желба за влез во ЕУ.  Ќе продолжиме да придонесуваме за стабилноста и безбедноста на регионот преку одржување на присуството на нашите вооружени сили, посочи Тајани наведувајќи ја како пример иницијативата посветена на Коридор 8, патен и железнички јазол што ја поврзува Италија со Албанија, Македонија и Бугарија.

„На силната тенденција кон Европа и Италија кои доаѓаат од Западен Балкан мора да се одговори без одлагање. Поради оваа причина, решивме да го продолжиме дијалогот започнат во Рим со нова средба што ќе се одржи до крајот на годината, со цел да се утврди како напредува нашата соработка. Италија сака да игра водечка улога и е подготвена да се вклучи во играта, бидејќи во прашање е иднината на нашата земја и Европа. Балканот не може повеќе да чека, го завршува авторскиот текст шефот на италијанската дипломатија посветен на земјите од Западен Балкан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ