петок, 13 декември 2024
ОЈО Скопје

Дрогиран бил возачот кој усмрти жена во Марино и побегна, отворена е истражна постапка

Основното јавно обвинителство Скопје донело наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот согласно член 300 став 2, а во врска со член 297 став 1, но и кривично дело „неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“ според член 301 став 2 од Кривичниот законик.

Објавено на

часот

Сподели

Од Јавното обвинителство на Македонија денеска соопштија дека осомничениот 46-годишен скопјанец, на 2 ноември, управувал автомобил хонда под дејство на опојна дрога.

„Во селото Марино возел со брзина поголема од дозволената и неоприспособена спрема условите на патот, така што кога се доближил до раскрсница меѓу две улички не забележал дека на коловозот има жена-пешак. Не можејќи навреме да запре, со автомобилот удрил во телото на жената, која се  здобила со тешки телесни повреди и починала. Осомничениот, по несреќата, веднаш го напуштил местото на настанот и се обидел да го прикрие стореното кривично дело“, се појаснува во соопштението.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ