четврток, 12 декември 2024

Истрага против двајца скопјани, од автомобил продавале дрога и оружје

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје донесе наредба за истрага против две лица, за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривични дела неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори и неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи. Со истрагата се опфатени и засега непознати лица кои заедно, на паркинг просторот на слепа улица во Ѓорче Петров, неовластено заради продажба држеле дрога и оружје во паркиран автомобил.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

„При претрес на возилото биле пронајдени околу 6,3 килограми марихуана, 442 таблети со психотропна супстанца 3,4 метилен диоксиметамфетамин, три шприца со вкупен волумен од 14,2 милилитри хашиш, смола, две дигитални ваги и други предмети со траги од тетрахидроканабинол и кокаин. Во совозачката касета во истото возило неовластено држеле огнено оружје – пиштол црвена застава со калибар 7,65 мм, со рамка со 8 куршуми и еден пригушувач“, информираше Јавното обвинителство.

За осомничените, на возраст од 36 и 27 години, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје синоќа достави предлог за определување мерка притвор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ