„Навистина сум среќна што имав можност да ги бранам боите на Македонија на меѓународната велосипедска сцена и со дрес на национален шампион гордо да застанам на подиумот. Трката во Истра беше тешка, но јас сум во одлична кондиција и успеав да дадам максимум од својот потенцијал и да завршам на позиција број 2 во финалниот пласман. Овој настап е непроценливо искуство за мене и мотив за возбудлива натпреварувачка сезона. Благодарност до мојот матичен клуб Инвиктус и Велосипедската федерација на Македонија“, изјави Елена Петрова после прогласувањето на победниците.
Историски успех за македонскиот велосипедизам: Елена Петрова обезбеди пласман на светското Гран фондо
ТОП ВЕСТИ