Со доаѓањето на Меси, Бускетс, Алба… Интер Мајами брзо се препороди и за кратко време стигна до својот прв трофеј откако го совладаа Нешвил на пенали во финалето од Лига Купот.
Во 23. минута Меси постигна прекрасен погодок за водство на Интер Мајами од 1-0.
1️⃣0️⃣ @LeaguesCup goals for our #10 ??#NSHvMIA | 0-1 pic.twitter.com/ELAqrPnMLb
— Inter Miami CF (@InterMiamiCF) August 20, 2023
Но, во 57. минута Пиколт го изедначи резултатот на 1-1. Тоа беше и конечниот исход во регуларниот дел, па победникот беше решаван на пенали.
Пенал серијата беше драматична, долга, дури 11 фудбалери шутираа. Интер Мајами промаши само еднаш, Нешвил двапати по што можеше да почне славјето на Меси и останатите.