сабота, 9 ноември 2024

Историска победа на Оклахома, го победија Портланд со 62 разлика (ВИДЕО)

Оклахома имаше чудесен натпревар, го победи Портланд со 139-77 и креираше нова клупска историја.

Објавено на

часот

Сподели

Победата од 62 разлика е историска бидејќи е највисока во историјата на Оклахома, претодната највисока на оваа франшиза беше 45 поени во сезоната 2012/13. Оваа победа е и петта највисока во историјата на НБА.

Гилгес Александер со 31 поени беше најдобар кај Оклахома, Вилијамс постигна 21. Во составот на Портланд најдобар беше Симонс со само 14 поени.

Далас беше Лука Дончиќ го совлада Њујорк со 128-124. Кајри Ирвинг имаше фантастична партија постигнувајќи 44 поени, имаше и 10 асистенции, одлична поддршка имаше од Хардавеј кој реализираше 32 поени. 32 поени имаше и Рендл од Њујорк.

Резултати:
Милвоки – Бостон 135-102
Оклахома – Портланд 139-77
Далас – Њујорк 128-124
ЛА Лејкерс – Феникс 109-127

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ