вторник, 15 октомври 2024

Историска одлука: Во Ватикан жените за првпат гласаат на седница на Бискупскиот синод

На жените ќе им биде дозволено да гласаат за прв пат на седницата на Бискупскиот синод на Римокатоличката црква, што почнува во Рим.

Објавено на

часот

Сподели

Папата Франциско во април ги одобри измените на нормите кои го регулираат Бискупскиот синод, отворајќи им го патот на жените да имаат 54 од вкупно 365 гласа.

„Ова е извонреден исчекор за жените. Не само поради настаните од овој октомври во Рим, туку и поради тоа што црквата најде поинаков начин да биде црква“, изјави директорката на Светската женска опсерваторија Марија Лиа Зервино.

На тринеделниот синод, кој ќе се одржи зад затворени врати, ќе учествуваат стотици делегати кои ќе се осврнат на некои од најгорливите прашања со кои се соочува црквата – од улогата на жената до свештеничкиот целибат и благословот за геј паровите.

Седницата ќе заврши со гласање за конкретни предлози кои потоа ќе му бидат претставени на папата на разгледување.

Наместо да се фокусира на една тема, како што е вообичаено, агендата на овој синод ќе се однесува на широкото прашање како Римокатоличката црква може да биде поинклузивна.

Иако жените се од витално значење за голем дел од црковната работа, од настава во католичките училишта до персонал во католичките болници, црквата сè уште им забранува да станат свештеници или да достигнат највисоки чинови.

Папата Франциско презеде нови чекори за справување со оваа нерамнотежа, назначувајќи неколку жени на високи позиции во Ватикан.

Сепак, одлуката да им се дозволи на жените да гласаат на синодот предизвика негодување од конзервативните струи на Римокатоличката црква.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ