вторник, 8 октомври 2024

Историска драма во САД: три воени служби без шефови, загрозен и генералштабот

Објавено на

часот

Сподели

Оваа недела оставка поднесе Мајк Гилдеј, началникот на поморските операции, што доведе до тоа на чело на американската морнарица, војската и маринците да се вршители на должноста, пренесува Си-ен-ен.

„Ова е без преседан. Непотребно е и небезбедно. Станува збор за сеопфатно поткопување на воената готовност на Америка“, порача американскиот министер за одбрана Лојд Остин.

Табервил во декември 2022 година вети дека ќе ги блокира сите номинации на високи функционери во министерството за одбрана поради одлуката на Пентагон да им ги покрива патните трошоци на своите припаднички кои сакаат абортус, а живеат во сојузни држави во кои тој не е дозволен.

Доколку ништо не се смени до крајот на септември, ќе биде испразнето уште едно место, бидејќи началникот на генералштабот на војската на САД Марк Мили тогаш се пензионира.

До крајот на оваа година во процесот на номинација ќе бидат „заглавени“ повеќе од 600 воени офицери.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ