сабота, 23 ноември 2024
Прес-конференција на ПДПР

Исечени се бандерите за струја за семејствата во Старата касарна во Кочани

Партијата за демократски просперитет на Ромите (ПДПР) денеска организираше прес-конференција на која упати критика за исклучувањето од електрична енергија на семејствата кои живеат во Старата касарна во Кочани.

Објавено на

часот

Сподели

Претседателот на партијата, Аксел Ахмедовски оцени дека се работи за нехумана постапка на локалната, но и на централната власт, кои со години не го решаваат статусот на семејствата кои живеат во супстандардни услови.

„Се работи за крајно недемократско и душманско постапување кон овдешните граѓани, припадници на ромската заедница, со целосното нивно исклучување од електричната мрежа, со сечење на дрвените бандери, за што е употребена механизација, па дури и полициска асистенција и војска. Како власта постапува со овие луѓе кои немаат никаква заштита и ги остава на милост и немилост? Едноставно ги третира како да се претставници на некоја криминална банда од највисок степен. Апелираме дека и градоначалникот и пратеникот од Кочани имаат одговорност за луѓето кои страдаат и не можат да ги извршуваат своите основни животни обврски, истакна Ахмедовски.

 

Од ПДПР ја повикаа локалната власт да преземе конкретни мерки, наместо да организира јавни трибини и да троши пари за подигање на свеста на Ромите.

„Како потпретседател на партијата и советник во Советот на Општина Кочани, в понеделник ќе иницирам вонредна седница, на која единствена точка на дневниот ред ќе биде решавање на статусот на жителите од Старата касарна, поттикнато од актуелното исклучување на електричната енергија. Доста се манипулации и барање гласови на изборите од овие луѓе, време е да се обезбедат нормални услови за живот и за нив“, истакна Аки Акиов, потпретседател на ПДПР.

Во Старата касарна лоцирана во централното подрачје на Кочани живеат дваесетина ромски семејства, за кои пред четири години беше почнат проект поддржан од Владата за изградба на наменски објекти за домување на друга локација. Поради реакции на месното население, проектот тогаш беше прекинат, а семејствата останаа во објектот изграден пред десет децении кој што се распаѓа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ