Маринците побарале помош од шерифот на Сан Диего и Цивилната воздушна стража. Од кабинетот на шерифот објавија дека го примиле повикот во 1:50 наутро и дека испратиле свој хеликоптер во потрага но дека тој, поради невреме, не можел да стигне до подрачјето. Потоа биле испратени теренски возила кои можат да стигнат до недостапното подрачје.
Пожарникари пристигнале на местото каде што последен пат бил виден хеликоптерот, но не нашле ништо.