среда, 16 октомври 2024

Ирска ќе ја консултира јавноста за воената неутралност по војната во Украина

Објавено на

часот

Сподели

Мартин кажа дека четиридневниот форум ќе се одржи во јуни во три различни града.

Во фокусот на форумот ќе бидат низа безбедносни прашања, а ќе овозможи расправа за повеќедецениската политика на неутралност.

„Меѓународната безбедносна атмосфера значително се смени во текот на минатата година. Видовме руско очигледно и брутално непочитување на меѓународното право“, порача Мартин.

„Ирската посветеност на меѓународниот поредок заснован на правила и нашата традиционална политика на воена неутралност не нè ослободуваат од потребата да одговориме на оваа нова реалност“, додаде тој.

На форумот ќе учествуваат безбедносни, воени и надворешнополитички експерти, политички претставници, цивилното општество и други релевантни тела.

Граѓаните можат да присуствуваат и да поднесат однапред напишани предлози.

Мартин на националната радиотелевизија РТЕ кажа дека „нема однапред замислен исход“ на расправата и дека владата не планира да ја смени својата политика на воена неутралност.

Финска формално се придружи на НАТО, со што ја прекина политиката на неутралност стара седум децении.

Ирскиот премиер Лео Варадкар минатата година кажа дека земјата веројатно ќе ја преиспита својата политика по инвазијата и сугерираше дека земјата би можела повеќе да се вклучи во заедничката одбранбена политика на Европската Унија.

Политиката на неутралност, која тогашниот премиер Имон Девалера ја оправдуваше за време на Втората светска војна бидејќи ѝ овозможи на земјата да избегне ситуација во која е пион во игрите на големите сили, е официјална политика на Ирска од нејзината независност и е многу популарна.

Критичарите тврдат дека оваа политика и ниското ниво на трошење на одбраната ја оставаат земјата зависна од добрата волја на другите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ