среда, 9 октомври 2024

Иранската револуционерна гарда забрани користење на комуникациски уреди

Корпусот на Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) им нареди на сите свои припадници да престанат да ги користат сите видови комуникациски уреди откако илјадници пејџери и воки-токи кои ги користеле членови на либанската милитантна група Хезболах во Либан експлодираа минатата недела, изјавиле двајца високи неименувани ирански безбедносни функционери за Ројтерс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Еден од функционерите кажал дека во тек е операција од големи размери која ја спроведува ИРГЦ за прегледување на сите уреди, а не само комуникациската опрема.

Истакна дека повеќето од тие уреди се од иранско производство, или се увезени од Кина или Русија.

Изворот навел дека Иран е загрижен поради инфилтрацијата на израелски агенти, вклучувајќи Иранци на платен список на Израел, наведувајќи дека се спроведува темелна истрага насочена на средните и високорангираните припадници на Револуционерната гарда.

Додаде дека истрагата вклучува преглед на нивните банкарски сметки во странство, како и нивни патувања и патувања на членови на нивните семејства.

Функционерот истакнал дека Иран ја засилил безбедноста на нуклеарните и ракетните локации.

Во нападите во кои експлодираа комуникациски уреди на Хезболах минатата недела загинаа 39, а повредени се повеќе од 3.000 луѓе.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ