сабота, 23 ноември 2024

Иранската полиција користи паметна технологија за да ги идентификува жените кои не носат хиџаб

Објавено на

часот

Сподели

Полицијата соопшти дека почнува со спроведување на „внимателно планирани акции“ на јавен простор, возила и на „места каде понекогаш се отстранува хиџабот“.

„Во овој контекст, ќе се користи паметната технологија за да се идентификуваат лицата кои го прекршуваат законот“, додаваат од полицијата.

Новата мерка доаѓа откако сѐ повеќе жени се спротивставуваат на задолжителниот кодекс на облекување на Иран. Жените го започнаа тоа по смртта на младата Махса Амини во септември, која беше уапсена поради кршење на строгиот кодекс на облекување.

„Согласно важечките закони, симнувањето на хиџабот се смета за кривично дело. Луѓето кои го прекршуваат законот се одговорни за своите постапки и своето однесување“, изјави неименуван висок полициски функционер.

Според него, полицијата ќе ги предупреди компаниите доколку вработените жени го симнат хиџабот на работното место. На тие компании ќе им се заканува затворање доколку вработените жени продолжат да го отстрануваат хиџабот по предупредувањето.

Иранските власти во неколку наврати предупредуваа дека секој што ќе го тргне превезот на јавно место ќе биде „казнет“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ