вторник, 8 октомври 2024

Иран претстави нов јуришен дрон: „Најмоќен е во светот, има дострел од 4.000 километри“ (ВИДЕО)

Иран ја претстави најновата верзија на својот јуришен дрон на воена парада во Техеран. Државната телевизија ИРИБ јави дека дронот Шахед 136-Б има дострел од 4.000 километри и дека е еден од најнапредните дронови во светот.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Техеран тврди дека во последните години остварил голем напредок во производството на дронови. Тие наводно играат голема улога во „специјалната воена операција“ на Русија во Украина, иако Иран категорично ги отфрла обвинувањата дека ја снабдува Русија со оружје.

Иранското министерство за надворешни работи вели дека земјата соработува со Москва на воено ниво, но дека тоа не е поврзано со конфликтот во Украина. Техеран истакнува дека од почетокот се залагал за брзо завршување на конфликтот во Украина и дека ги поддржува дипломатските мировни иницијативи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ