петок, 13 декември 2024

Иран: Не планиравме да го убиеме Трамп

Иран категорично негираше дека планирал да го убие новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, по обвинението упатено од американското Министерство за правда.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаи, денеска изјави дека тврдењето е „целосно неосновано“.

Багаи рече дека слични обвинувања биле упатени и во минатото и дека нивното повторување сега е „гнасен заговор“ чија цел е дополнително да ги комплицира односите меѓу Соединетите Држави и Иран.

Пред неколку недели, предизборниот тим на Трамп објави дека американската тајна служба го информирала за реални и конкретни закани од Иран дека ќе го убие.

Американското правосудство покрена обвинение против тројца мажи обвинети за планирање атентат на ирански дисидент.

За нивно апсење беа издадени налози.

За време на првиот претседателски мандат на Трамп, тој се повлече од нуклеарниот договор со Иран, воведе нови санкции против земјата и го класифицираше елитниот воен Корпус на Исламската револуционерна гарда како терористичка организација.

Во 2020 година, американската војска го уби, по наредба на Трамп, иранскиот генерал Касем Сулејмани во напад со беспилотно летало врз ирачкиот главен град Багдад.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ