среда, 16 октомври 2024

Иран: Не испративме ракети во Русија, не поддржуваме ниту една страна во овој конфликт

Висок командант на Иранската револуционерна гарда ги негираше медиумските извештаи за испорака на ракети од Иран во Русија, објавија иранските медиуми, поради загриженоста на Западот дека ракетите би можеле да бидат распоредени за војната во Украина.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Си-ен-ен и Волстрит џурнал минатата недела објавија, повикувајќи се на неименувани извори, дека Иран ѝ испорачал балистички ракети со краток дострел на Русија.

„Ниту една ракета не беше испратена во Русија и ова тврдење е еден вид психолошка војна“, изјави бригадирот Фазлолах Нозари, заменик-командантот на централниот штаб Катам ал-Анбија, според Иранската работничка новинска агенција.

„Иран не поддржува ниту една страна во украинско-рускиот конфликт“, изјави Нозари.

Запрашан за натписите, Кремљ објави дека Иран е партнер на Русија и дека двете земји развиваат дијалог во сите области. Украина неодамна предупреди дека продлабочувањето на воената соработка меѓу Техеран и Москва е закана за Украина, Европа и Блискиот Исток и ја повика меѓународната заедница да го зголеми притисокот врз Иран и Русија.

Секое иранско пренесување на балистички ракети во Русија би претставувало остра ескалација на војната во Украина, предупредија во петокот Соединетите држави.

Техеран и Москва имаат поблиски односи откако Русија испрати десетици илјади војници во Украина во февруари 2022 година и Иран ги испорача своите беспилотни летала шахед на руската војска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ