вторник, 12 ноември 2024

ИОМ: Повеќе од 14 милиони луѓе се раселени во Судан, најголемата бегалска криза оваа година

Повеќе од 14 милиони луѓе се раселени поради војната во Судан, што е околу 30 отсто од тамошното население, објави Меѓународната организација за миграција (ИОМ), со оценка дека тоа е најголемата бегалска криза годинава.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Од нив, 11 милиони се внатрешно раселени, а повеќе од три милиони луѓе побегнале во соседните земји, изјави за новинарите во Порт Судан генералната директорка на ИОМ, Ејми Поуп.

Бројот на раселени лица е зголемен за 200.000 од септември, рече таа, додавајќи дека повеќе од половина се жени, а повеќе од една четвртина се деца на возраст под пет години.

„Степенот на раселување и хуманитарни потреби расте секој ден. Искрено, половина од населението сега има потреба од помош“, рече таа, истакнувајќи дека немаат пристап до засолниште, чиста вода за пиење или здравствена заштита.

Резултатот е, меѓу другото, брзо ширење на разни болести, а секој втор Суданец се бори да добие минимална количина храна за да преживее.

Таа рече дека има глад во Северен Дарфур.

ОН предупредија оваа недела дека е потребна хуманитарна помош за речиси 25 милиони луѓе во Судан.

Војната во Судан избувна во април 2023 година меѓу суданската војска и паравоените Сили за брза поддршка.

Повеќе од 24.000 луѓе загинаа и беа извршени многу воени злосторства, вклучително и масовни силувања и етничко чистење.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ