Минатото лето, „нероаѕурите“ мораа да ги продадат Ашраф Хакими и Ромелу Лукаку со цел да ги балансираат сметките, а истото ќе се случи и ова лето, барен една ѕвезда ќе мора да биде жртвувана.
Најчесто се шпекулираше со името на Лаутаро Мартинез, како опција беше споменуван и Милан Шкрињар, а последните информации велат дека одлучено е тоа да биде Алесандро Бастони.
Манчестер Сити подолго време го мерка дефанзивецот, а интерес пројавува и Тотнем, Антонио Конте сака одново да соработува со својот сонародник.
Се говори дека Интер бара најмалку 60 милиони евра за услугите на Алесандро Бастони.