среда, 4 декември 2024

Интензивирана сезоната за дрвокрадците – тројца лишени од слобода во општина Чашка

На 10.11.2024 во 12:00 часот во атар на село Мелница, општина Чашка, полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при СВР Велес ги лишиле од слобода Е.М.(50), Е.М.(57) и Е.Ф.(55), сите од село Мелница.

Објавено на

часот

Сподели

Полициските службеници,  во соработка со Шумска полиција Велес, запреле и извршиле контрола на трактор „имт“ со приколка, кој го управувал Е.М.(50), а другите двајца биле сопатници, при што било констатирано дека превезуваат огревни дрва без документација. Дрвата, тракторот и моторна пила биле одземени и предадени на шумска полиција, а лицата биле задржани во полициска станица. Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ