недела, 13 октомври 2024

Инспекторите на ДПИ продолжуваат со контроли, Царината помага за фаќање на несовесните увозници на овошје и зеленчук

Објавено на

часот

Сподели

    Од извршените над 1100 инспекциски надзори ДПИ наплатил и издал над 230 прекршочни платни налози во вредност од скоро осум милиони денари.

    Од нив,  50 прекршочни платни налози се по Законот за трговија, 32  по Законот за угостителска дејност, 26 прекршочни платни налози по Законот за заштита од пушењето, 80  по Законот за финансиска дисциплина  и 16  прекршочни платни налози по Закотон за енергетика.

    „Во контролираниот надзор се извршени над 280 инспекциски надзори и контроли по Одлуката за определување на највисоки цени за одделни производи во трговија на мало и Одлуката за определување обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите според определен редослед. Во некои економски субјекти констатирани се прекршоци за што се издадени прекршочни платни налози во висина од над 110.000 милиони денари. Државниот пазарен инспекторат и понатаму интензивно ќе спроведува контроли и надзори по Одлуките на Владата. Нема да има отстапувања и ќе биде казнет секој оној кој пробал на било каков начин да изврши прекршување на овие Одлуки„, велат од ДПИ.

    Од ДПИ информираат дека се извршени и повеќе од 650 надзори врз основа на Одлуката на Владата за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало која се однесува на цените на замрзнување на овошјето и зеленчукот.

    „Во горенаведениот период се извршени над 280 инспекциски надзори и контроли по Одлуката за определување на највисоки цени за одделни производи во трговија на мало и Одлуката за определување обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите според определен редослед. Во некои економски субјекти констатирани се прекршоци за што се издадени прекршочни платни налози од над 110 милиони денари“, пишува во соопштението од ДПИ.

    Во исто време Царинската управа соопшти дека во врска со сомневањата дека трговци приложувале лажни фактури при увозот на земјоделски производи, управата по извршената анализа за период од 1 јануари до 6 април 2023 година, на дополнителна проверка на декларираната вредност испратила за 11 увозници и тоа во царинските администрации на Грција, Србија, Турција и Албанија, во зависност од земјата од каде се извезени овие производи. 

    Според управата, врз основа на претходни сомневања за веродостојноост на приложени фактури за увезени земјоделски производи, во декември 2022 година за два од овие увозници, на дополнителна проверка веќе се испратени фактури приложени кон увозни царински декларации до царинската администрација на земјата извозник – Грција.

    Согласно меѓународните спогодби со кои се регулира оваа административна соработка меѓу царинските служби, предвидени се рокови од 10 месеци за одговор на овие барања од страна на царинската служба на земјата извозник.

    Доколку добиените одговори од царинските администрации ги потврдат сомневањата дека се приложувале лажни фактури при спроведувањето на увозната постапка, Царинската управа за овие увозници ќе покрене постапка за дополнителна наплата на избегнатите давачки, како и постапка за утврдување на прекршочна или кривична одговорност, во зависност од износот на избегнатите давачки.

    „Царинската управа врши анализа на приложените фактури кон увозните декларации за земјоделски производи и за претходните три години, согласно законски предвидениот рок. Доколку од анализата произлезат сомневања за веродостојност на приложените фактури кон увозните декларации и од други увозници, истите ќе бидат пратени на проверка до царинските служби на земјите од каде се извезени. Дополнително, доколку се утврди дека од страна на царинските службеници при спроведување на царинската постапка не е постапено согласно законските прописи и интерните акти на Царинската управа, ќе бидат преземени соодветни мерки за утврдување на одговорност“, се наведува во соопштението.

    ТОП ВЕСТИ

    ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ