петок, 24 јануари 2025

Иницијативите до Уставниот суд ќе се поднесуваат и преку електронска пошта

Од 1 јануари 2025 година секој граѓанин и секоја фирма или институција, преку електронска пошта (e-mail) може да поднесува иницијативи, барања и предлози до Уставниот суд.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираат денеска од Уставниот суд, електронското поднесување на поднесоци е овозможено преку интернет страницата на судот, односно преку категоријата „обраќање до судот”, каде во поткатегоријата „електронско поднесување на поднесоци” се наведени насоки за начинот на електронското поднесување.

Поднесувањето на електронските поднесоци е предвидено со Правилникот  за електронско поднесување на поднесоци до Уставниот суд и истиот е објавен на интернет страницата на судот.

Ова, како што нагласуваат од Уставниот суд, ја олеснува постапката за поднесување иницијативи за оценување на уставноста на одредени правни акти, со оглед на тоа што граѓаните не мора лично да доаѓаат и иницијативите да ги доставуваат во архивата на судот. Ова, потенцираат оттаму, овозможува правдата да биде подостапна за сите граѓани без оглед на нивното место на живеење.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ