„Овој тунел не е само симбол на хармонија меѓу верските заедници, туку го одразува и духот на единство и различност, што е карактеристично за индонезиската нација. Да ја одржиме заедно хармонијата, толеранцијата и братството за прогресивна, мирна и просперитетна Индонезија“, рече Субианто.
Изградбата на тунелот започна во декември 2020 година и беше завршена во септември истата година. Сепак, отворањето до сега се одложуваше поради работата на поставувањето ѕидни украси.
Dengan penuh rasa syukur dan gembira, saya meresmikan Terowongan Silaturahmi yang menghubungkan Masjid Istiqlal dan Gereja Katedral.
Terowongan ini bukan hanya menjadi simbol kerukunan antarumat beragama, tetapi juga mencerminkan semangat persatuan dan kebhinekaan yang menjadi… pic.twitter.com/lOOs33HLzQ
— Prabowo Subianto (@prabowo) December 13, 2024
Проектот беше одобрен и спроведен од тогашниот претседател на Индонезија, Јоко Видодо.
Во септември, поглаварот на Римокатоличката црква и Ватикан, папата Франциско, го посети тунелот во друштво на главниот имам на џамијата Истиквал, Насарудин Умар.
„Овие две места за богослужба овозможуваат средба, дијалог…, вистинско искуство на братството“, рече папата Франциско.
Папата Франциско повика на зачувување на врските на пријателство.
„Можеме да учиме едни од други за традициите и да се здружиме за да ги задоволиме нашите човечки и духовни потреби“, рече папата Франциско.