петок, 13 декември 2024

Индиецот кој стана најмладиот светски шаховски шампион, беше член и на ШК Прилеп

18-годишниот индиски шахист, Домарају Гукеш, кој испиша историја станувајќи најмладиот кој ја освоил светската титула, пред три години беше член на македонскиот клуб ШК Прилеп.

Објавено на

часот

Сподели

Гукеш вчера направи досега невиден подвиг, на само 18 години дојде до светската шаховска титула. Колку овој успех е голем говори фактот дека претходно рекордот за најмлад освојувач го држеше Каспаров кој се закити со титулата на 22 години.

Интересно за нас е што Домарају Гукеш на свои 15 години настапуваше за македонскиот шаховски клуб, ШК Прилеп.

Индиецот уште тогаш почнуваше да го привлекува вниманието на себе покажувајќи го својот голем талент. Кулминацијата се случи вчера кога стана светски шампион.

Во финалето Гукеш го победи Кинезот Лирен Динг, тој пак е поранешен шахист на ШК Алкалоид.

epa11771897 Chess grandmasters Ding Liren of China competes in Game 14 against Gukesh Dommaraju (not pictured) of India of the FIDE World Chess Championship in Singapore, 12 December 2024. EPA-EFE/HOW HWEE YOUNG

Лирен Динг е светски шампион шампион од 2023 година. Тој во 2016 година го предводеше Алкалоид до шампионската титула на Европскиот клупски куп кој се одржа во Нови Сад.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ