Натпреварот помеѓу Шкупи и Левски донесе неколку инциденти во Скопје. Попладнево, беа нападнати автомобили со бугарски навивачи во Чаир, локалните жители фрлаа канти и удираа по возилата на гостите.
Потоа непосредно пред почетокот на дуелот дојде до судир во поттрибинскиот простор на арената „Тодор Проески“.
Навивачите на Левски влегоа во судир со полицијата, па дел од нив наместо да го проследат натпреварот од трибини, мечот ќе го поминат во станица бидејќи беа приведени.