петок, 15 ноември 2024

Има време да се завршат формалностите, до 28 јануари ќе имаме техничка влада, вети Ковачевски

Премиерот Димитар Ковачевски порача дека техничката влада е законска обврска и политичките партии од власта и опозиција треба да предложат свои кандидати и да ја поддржат во Парламентот. Тој е на ставот дека има доволно време да се завршат формалностите и в недела да има гласање.

Објавено на

часот

Сподели

Ковачевски посочи дека секој треба да работи согласно законот и демократските принципи.

„Секој треба да работи во согласност со закон и во согласност со демократските принципи. Предлагате министри и ги поддржувате тие министри, не можете да очекувате да предложите министри, а некој друг да ги поддржува вашите министри. Такво нешто не постои во светската пракса и сметам дека има доволно денови за тоа да се направи до недела“, додаде Ковачевски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ