недела, 6 октомври 2024

Илјадници Израелци добија лажни пораки да одат во засолништа

Илјадници Израелци добиле лажни СМС пораки во кои се повикуваат да одат во засолништа, објавија денеска израелските медиуми.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Мора да влезете во заштитеното подрачје“, стои во пораката цитирана од Џерусалим пост.

Командата на домашен фронт на израелската армија негираше дека ги испратила пораките.

Израелскиот јавен сервис КАН објави дека Иран е осомничен за испраќање лажни пораки за предупредување.

Израел и понатаму е во состојба на висока готовност чекајќи одговор на Хезболах по двата брана експлозии на комуникациски уреди во вторникот и средата, каде загинаа десетици Либанци низ целата земја и беа повредени илјадници, вклучително и членови на Хезболах.

Експлозиите се случија во време на ескалација на прекуграничната војна меѓу Израел и Хезболах по почетокот на израелската смртоносна војна во Појасот Газа, во која загинаа повеќе од 41.200 лица, главно жени и деца, по прекуграничен напад на Хамас на 7 октомври минатата година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ