среда, 9 октомври 2024

ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Власта е делегитимирана, излезот е во предвремени избори

Објавено на

часот

Сподели

Вечерва членовите на ИК на ВМРО-ДПМНЕ разговараа за актуелната политичка состојба, поврзана со предложените владини уставни измени во Собранието.

„Упатуваме апел до претседателот на Собранието да не го злоупотребува Деловникот. Тој е таму на таа позиција за да овозможи да се носат одлуки, без разлика дали одлуката ѝ се допаѓа на власта или не ѝ се допаѓа. Тоа што Ковачевски и Ахмети се разочарани што немаат едвај 70 пратеници, не значи дека на другите пратеници не треба да им се дозволи да гласаат и да се види дека оваа иницијатива е пропаднат проект на СДС и ДУИ.

Оваа власт е делегетимирана. Легитимитетот на СДС и ДУИ, не само во однос на уставните измени, но исто така и во економијата, образованието, пензионерите, студентите, стопанството, е целосно нарушена и не нудат решение, туку создаваат повеќе проблеми. И затоа сметаме дека излезот од ваквата состојба би биле предвремени парламентарни избори во текот на оваа година. Тоа би требало да се договори со консензус на сите политички партии, да ги направат во најкус можен рок потребните измени и дополнувања на Изборниот законик и да одиме на избори за да може граѓаните кои го носат суверенитетот да ја донесат одлуката за решенијата за ваквата проблематична состојба во која што власта ја донесе Македонија, посочи Милошоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ