вторник, 8 октомври 2024

Иџе ја заврши сезоната на прво место во својата група: Македонијo, ова е за тебе!

Најдобриот македонски автомобилист, Игор Стефановски – Иџе со своето Ферари победи во својата група на Европскиот шампионат на ридски патеки.

Објавено на

часот

Сподели

Иџе со своето Ферари 488 го освои третото место на последната трка од сезоната која се возеше во Бузет, Хрватска, а тоа беше доволно за да ја заврши сезоната на прво место во својота група 1.

„Македонијо, ова е за тебе! Победник во Европскиот шампионат на ридски патеки во Група 1! Овој успех не е само мој, туку на цела држава. Благодарност до сите кои беа со мене низ овој пат, до мојот неверојатен тим, тимот на Ферари, до моите спонзори и до сите вас кои ни давате безрезервна подршка во сето ова“, порача Иџе.

Тројниот европски шампион овојпат не можеше да се бори за првото место во севкупниот генерален пласман, но затоа беше најдобар во својата група и уште еднаш потврди дека е вистински мајстор за тркање на ридски предели.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ