среда, 16 октомври 2024
Првата трка ќе се вози претстојниов викенд во Франција

Иџе подготвен за Европа

Објавено на

часот

Сподели

Игор Стефановски Иџе ќе вози на Европскиот шампионат на ридски патеки, која оваа година има 10 трки.

Првата трка ќе се вози претстојниов викенд во Франција. Оваа трка традиционално е првата страница на Европскиот шампионат. Пријавени се 190 натпреварувачи од кои Иџе е единствениот Македонец. Бројката на пријавени натпреварувачи, укажува дека конкуренцијата оваа година ќе биде пожестока.

Тој ќе вози со возилото од минатата година Хјундаи i30N TCR, кое дополнително се подготвуваше во текот на зимската пауза за овој шампионат.

„Би сакал да се заблагодарам на сите кои во мојот тим го препознаа потенцијалот и не поддржаа за натпреварувањата за оваа сезона. Посебно би сакал да се заблагодарам на сите мои спонзори кои веруваа и во иднина ќе веруваат во нашиот потенцијал“ – порачува автомобилскиот ас.

Тој и овојпат не ги крие своите шампионски амбиции, за кои верува дека ќе може да се реализираат.

„Викендов очекувам добра трка“ – додава Стефановски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ