сабота, 30 ноември 2024

ИД.7 турер: првиот целосно електричен карван на Фолксваген (ФОТО+ВИДЕО)

Фолксваген го претстави еден од првите целосно електрични автомобили карвани во горната среда класа, тврдат од германската компанија, додавајќи дека во таа класа го имаат и моделот пасат.

Објавено на

часот

Сподели

ИД.7 турер е долг 4.961 милиметар, широк е 1.862 милиметри и висок е 1.536 милиметри. Меѓуоскиното растојание е 2.91 милиметар.

Станува збор за карван кој има капацитет на багажникот од 605 литри, и според Фолксваген е „особено идеален за семејства и за долги возења“. Ова значи дека капацитетот е 73 литри поголем од лимузинската верзија. Максималниот капацитет е 1.714 литри со спуштени седишта.

Максималниот радиус на ИД.7 турер со едно полнење според ВЛТП стандардот е 685 километри, а кога станува збор за капацитетот на батеријата, тоа зависи од верзијата.

Срцето на овој карван е електричен мотор со 282 коњски сили и вртежен момент од 545 њутнметри. Про верзијата има батерија со капацитет од 77 киловат часови, додека про С верзијата има батерија со капацитет од 86 киловат часови, со веќе спомнатиот максимален радиус.

Помалата батерија има максимална сила на полнење од 175 киловати, а поголемата од 200. Во секој случај, батеријата од 10 до 80 отсто може да се наполни за 30 минути.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ