петок, 13 декември 2024

И Закерберг му дава на Трамп милион долари за инаугурацијата

Компанијата Мета во сопственост на Марк Закерберг дава милион долари за инаугурацијата на новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп, во обид за поттикнување подобри односи со американскиот лидер.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Закерберг се реши на овој потег во обид за подобрување на долгогодишните напнати односи со републиканскиот лидер. Закерберг не дал ваква донација при претходните два американски претседателски мандати.

Трамп и Закерберг минатата недела вечераа во одмаралиштетто Мар-а-Лаго. Неодамна претставникот на Мета за глобални прашања кажа дека Закерберг сака да преземе „активна улога во одлуките на американската администрација во технолошката политика“.

„Извршниот директор планира да се вклучи во дебатата за одржување на лидерството на Америка во технологијата, особено во врска со вештачката интелигенција“, се наведува во соопштението.

Трамп интензивно ги користеше платформите Фејсбук и Инстаграм за време на својот прв мандат, сè додека неговите профили не беа суспендирани по немирите во американски Капитол на 6 јануари 2021 поради загриженоста дека може да поттикне понатамошно насилство по поразот на изборите.

Денес и компанијата Амазон вети донација од 1 милион долари во готовина за инаугурацијата и дополнителен придонес од 1 милион долари со емитувањето на настанот на телевизиската мрежа Амазон видео.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ