Изјавата на Жозе Мурињо дека на клупата на Галата скокале како мајмуни на судиските одлуки, ја разбранува турската јавност, но и светската.
Галата го обвини Мурињо за расизам иако беше јасно дека изјавата на Португалецот беше во сосема поинаков контекст.
Познато е дека Мурињо е фан на фудбалерите од Африка и е многу популарен на тој континент, тоа го знаат сите играчи, па многумина кои играа за Галатасарај застанаа на страната на Португалецот.
Прв гласот го крена Дрогба кој имаше фантастични партии за Галата, потоа се јави и Снајдер кој дури беше и капитен на турскиот тим. Сега поддршка даде и Вилфрид Заха кој никогаш не играл за Мурињо.
Заха и сега е член на Галатасарај, но е пратен на позајмица во Шарлот.
Тој објави слика од Мурињо и напиша: „Почит“.
Во меѓувреме се пишува дека Мурињо е згрозен од обвинувањата на Галатасарај и подготвува тужби за турскиот клуб.