среда, 18 септември 2024

И покрај штрајкот на ДИЦ, МОН инсистира матурскиот испит да започне на 27 мај

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението од министерството кое е реакција на дешната прес-конрференција на ДИЦ каде беше децидно кажано дека штрајкот продолжува, се наведува дека имаат разбирање за незадоволството од платите.

„Изразуваме целосно разбирање и даваме поддршка на вработените во Државниот испитен центар за надминување на предизвикот со кој се соочуваат. Правото на синдикално организирање за остварување на одредени права е неспорно, но сепак, тоа не смее да биде на штета на учениците, кои треба да бидат консултирани за било каков нов предлог околу полагањето на државната матура.

Дијалогот помеѓу ДИЦ и Министерството за финансии треба да продолжи до изнаоѓање на конечно решение, но истовремено, неопходно е да продолжат и процесите кои ги засегаат матрантите“, се вели во реакција на министерството откако денеска од ДИЦ соопштија дека штрајкот продолжува бидејќи не се добиени пристојни понуди за повисоки плати, а за секое прашање поврзано со работата на ДИЦ, платите или државната матура упати на наделжните министерства.

Инаку, денеска претседателката на синдикалната организација на ДИЦ Емилија Бошковска рече дека надлежните министерства, како и вчера вицепремиерот Фатмир Битиќи понудила исплата на К-15, нешто што законски им припаѓа, а е незаконски што регресот не го добиваат, како и линеарно зголемување на платите за 2.000 денари. Таа додаде дека 30-те вработени лица имаат обемни работни обврски кои досега педантно ги извршувале, но и непристојно ниски плати, од кои половината се на „минималец“ и нагласи дека е разочарувачки што не може да се одвојат средства за толку малку вработени, а дека од друга страна е направен ребаланс во буџетот за да се обезбедат големи парични средства за функционерското покачување на платите за 78 отсто.

Во однос на претходната изјава на министерот за образование Јетон Шаќири дека ќе има државна матура во закажаниот термин на 27 мај и дека за да се реализира, како што рече, ако е потребно МОН ќе ангажира од своите вработени, Бошковска рече дека поради тајноста на материјалите влезот во ДИЦ е забранет за надворешни лица, а дека во некои простории во Центарот не смеат да влегуваат ни сите вработени.

„Со секое влегување на надворешни лица, се нарушува веродостојноста на матурата. Слободно нека донесат“, додаде Бошковска.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ