„Затоа Партијата на пензионери во целост ја поддржува иницијативата и ги повикува своите членови, сите пензионери и граѓани да го покажат својот став со конкретна акција за бојкот на сите оние кои на грбот на сите нас остваруваат енормни, нефер и неетички финансиски профити. Во исто време Партијата на пензионери бара и ја поддржува Владата во преземање на крајни и ефикасни мерки за конечно и долгорочно решавање на оваа константна пракса на трговците во земјата. Чесно, Сплотено, Одлучно“, децидни се од Партијата на пензионери.
И партијата на пензионери се придружи кон сѐ побројната поддршка за бојкот на маркетите
Партијата на пензионерите, во потполност ја разбира и ја поддржува граѓанската иницијатива за бојкот на маркетите на 31 јануари 2025 година, на која се повикува на социјалните мрежи во земјата, се наведува во соопштението на партијата. Оттаму велат дека пензионерите како една од економски најзагрозените категории во општеството, длабоко е засегната од вкоренетата пракса на огромен број на трговци и трговски ланци за манипулација и изигрување на Законот за нефер трговски практики, што дефинитивно претставува акт за најостра осуда.

Објавено на
часот