петок, 13 декември 2024

И онлајн насилството остава лузни – пет совети за заштита на интернет  

Распространетоста на интернетот и сеприсутноста на социјалните мрежи и дигиталнитеканали за комуникација, целосно го променија начинот на кој се поврзуваме со другите луѓе, разменуваме информации, учиме и имаме пристап до огромен броj содржини. Тоа придонесе да се појават и развијат голем број нови ризици и опасности, меѓу кои една од најприсутните е онлајн родово-базираното насилство.

Објавено на

часот

Сподели

Овој тип насилство, кој опфаќа демнење,вознемирување, закани, родово-базиран говор на омраза, споделување интимни содржини без  дозвола, во најголема мера е насочено кон жените и девојките. Анонимноста на дигиталниот простор често ги охрабрува сторителите, додека жртвите се оставени да се справат со траумите и 
последиците, кои може сериозно да влијаат врз нивното психо физичко здравје, безбедноста, статусот во општеството и целокупниот живот. Истражувањата покажуваат дека станува збор за насилство кое зазема загрижувачки размери. 
Анкетата на УНДП, спроведена годинава, покажа дека повеќе од 60 отсто од жените и девојките во земјава најмалку еднаш биле жртви на онлајн насилство. Притоа, најголем процент од нив или  61 отсто се соочиле со вознемирување преку интернет, потоа 37 отсто со родово-базиран и сексистички говор на омраза, 33 отсто со демнење преку интернет и 23 отсто со објавување или ширење фалсификувани или лажни информации преку интернет. 
Со цел зголемување на свеста за присутноста на родовобазираното насилство на интернет и едукација како да се препознаат и превенираат ваквите случаи, Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) ја спроведува кампањата „И онлајн насилството остава лузни“.  
Интернетот треба да биде безбеден простор за сите. Затоа е важно секоја личност да може да препознае онлајн родово-базирано насилство, но и да знае како да се заштити и каде да ги пријави ваквите случаи.
Споделуваме неколку клучни совети за  заштита од онлајн насилство.  
Препознавањето на онлајн насилството е првиот чекор да се заштитите! Овој тип 
насилство има многу форми, а најчесто е суптилно и подмолно. Може да се манифестира преку несоодветни пораки од познати или непознати лица, следење на вашите активности на социјалните мрежи, непријатни и развратни коментари или споделување интимни слики без ваша согласност, познато како „одмаздничка порнографија“. Која било форма од овие типови онлајн насилство треба да го вклучи алармот и да преземете дополнителни мерки.  
Зајакнете ја вашата дигитална безбедност за да не бидете „лесна мета“ за онлајн 
насилниците. Не користете едноставна лозинка која лесно може да се погоди и вашите email адреси и профили на социјалните медиуми заштитете ги со долги и различни лозинки. 
Проверете кој може да ги гледа содржините што ги објавувате на социјалните медиумикако Фејсбук, Инстаграм и ТикТок и избегнувајте вашите профили да бидат јавно достапни за сите. Размислете пред да споделите нешто без разлика дали станува збор за видео, фотографија, лични податоци или пак вашата локација.  
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ