недела, 15 декември 2024

И официјално – „огнените“ од вчера ќе делуваат како фракција во ДУИ

Објавено на

часот

Сподели

„Денеска преку вас дозволете да ја информираме јавноста дека разликите се големи и од организациски аспект внатре во ДУИ, но и дебатата за програмските определби, врз основа на што ја добивме и довербата од граѓаните. За жал немаме можност од реална дебата и се користат двојни или тројни аршини во однос на одредени исти и слични прашања и затоа од денеска ние ќе имаме наши ставови бидејќи ќе делуваме како фракција во рамки на ДУИ“, изјави за медиумите Блерим Беџети.

Тие смеаат дека актуелните министри во Владата од ДУИ ја узурпирале партијата со своите одлуки.

„Бидејќи имаме разлики, имаме одредени различни мислења за одредени ставови, ќе имаме наше политичко делување оти сметаме дека министрите ја узурпирале партијата со своите одлуки. Тоа што е надлежност на партијата преминува во надлежност на членовите на Владата и тука да се разбереме не се само кадровските прашања, тоа се релевантни и значајни, зборуваме за проргамските определби на ДУИ“, рече Беџети.

На новинарските прашања дали и натаму ќе бидат дел од органите на партијата, рече дека тие не се разрешени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ