„Целосната опрема е во фаза на изработка од страна на полска компанија, која се очекува доколку дозволат временските услови да се монтира на крајот на ноември. Ова значи дека љубителите на зимскиот спорт од сите генерации ќе можат да уживаат уште од оваа зимска сезона.
Уште еден голем проект и инвестиција која го продолжува и така брзиот развој на нашата општина“, напиша градоначалникот Митко Јанчев на својот фејсбук-профил потсетувајќи дека и овој проект беше дел од неговата предизборната програма.
Теренските работи се донација на општествено одговорната фирма ЈА МИ Кавадарци.
Инвестицијата е донација од 231.660 евра од кои 115.000,00 евра се средства од Комерцијална банка и 115.000 евра се средства донација од Кожувчанка ДОО.