Една од ријалити-ѕвездите, Кристал Кунг Минкоф, на тако-забавата која ја организира за своето друштво од Беверли Хилс го послужува токму чајот Good Nature како свој избор на пијалак. Само споменатата епизода постигна гледаност од над 1.100.000 гледачи, што за нашиот бренд значи постигнување огромна видливост и е уште една потврда дека квалитетот е секогаш препознаен – дома и во светот, велат од комапнијата.