И вчера имаше голем метеж на Богородица, а така и денеска, доминираат патници од Македонија, Србија и од земјите на запада и југоисточна Европа.
На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, велат од АМСМ.
Како што соопшти АМСМ, сообраќајот на патиштата низ државата се одвива непречено по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.