четврток, 10 октомври 2024

И Бугарија сака да учествува во уставните измени во Македонија

Објавено на

часот

Сподели

„Колку што знаеме веќе има некои опции за идни текстови кои се дискутираат таму, а биле прифатени како можни промени на уставот. Ние би сакале да бидеме дел од овој процес за да се одвива непречено. Би сакале да се консултираме за овие прашања“, изјави Милков за Бугарското национално радио.

Шефот на бугарската дипломатија Милков ова веќе му го соопштил и на неговиот македонски колега Бујар Османи.

Засега нема одговор од македонското МНР дали би профатиле странска држава да учествува во процес на уставни измени кај нас, независно што промените се прават со барање за вметнување на Бугарите во Уставот.

Засега ниту една партија не пријавила свои претставници во работната група за уставните измени што ја иницира Минстерството за правда. Рокот за пријава во оваа работна група е до понеделник. Покани добиле сите парламентарни партии.

Од Министерството за правда велат дека претседател на работната група ќе биде избран од редот на експертите.

Како дел од експертите кои биле повикани да членуваат во оваа работна група се споменуваат  имињата на поранешната судијка во Стразбур Цаца Николова, професорите Рената Дескоска, Светомир Шкраиќ, Владо Камбовски…

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ