„Го повикувам Пленковиќ, а не (министерот за одбрана Иван) Анушиќ бидејќи тој е само извршител на Пленковиќ, да се разговара за тоа. не сум против воениот рок, но треба да се донесат соодветни укази. Мислите да ги донесете указите без мене? Како го замисливте тоа? На сила?“, праша Милановиќ.
Хрватската влада најави враќање на задолжителниот воен ро од 1 јануари следната година, а Милановиќ смета дека тоа не е идеја за отфрлање, но праша колку луѓе планира Хрватска да мобилизира.
„Јас одговарам за општата состојба на војската, не Пленковиќ и Анушиќ. Советот за одбрана ќе се состане и за тоа ќе се разговара, го свикуваме Пленковиќ и јас, тоа е сосема јасно. Немам никакво негативно мислење кон идејата, но мора да видиме што фали“, наведе Милановиќ.
Милановиќ праша кој смислил воениот рок да трае осум недели. „Осум недели се основата, потоа мора да се специјализираат“, смета претседателот на Хрватска и додава дека „ништо од тоа не може без договор“.