Веднаш по церемонијата на пречекот, предвидена е средба на Ковачевски и Пленковиќ, по што ќе следуваат билатерални разговори на двете делегации. Во составот на македонската делегација на средбата ќе бидат и вицепремиерите за европски прашања и за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Бојан Маричиќ и Фатмир Битиќи, министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу и амбасадорот на Македонија во Хрватска, Милаим Фетаи.
Пленковиќ за време на официјалната посета ќе биде примен и од шефот на државата Стево Пендаровски, како и од собранискиот претседател Талат Џафери, а ќе се обрати и пред пратениците во Собранието.