Хрватска ќе биде фаворит од сенка во Германија, момците на Далиќ уште еднаш покажаа дека се подготвени за висок дострел откако вечерва во Лисабон ја совладаа Португалија со 1-2 во контролен натпревар пред Европското првенство.
Модриќ од пенал во 8. минута го отвори резултатот, а на стартот од второто полувреме, Диего Жота изедначи на 1-1.
Сепак Будимир одлично се снајде во 56. минута и со глава ја затресе мрежата за 1-2.
„Коцкестите“ до крајот имаа уште неколку убави шанси за повисока победа, но голманот Кошта со одлични интервенции не дозволи да биде совлада и по трет пат.
По пораззот против Австрија, вечерва Србија се рехабилитираше со убедлива победа од 0-3 на гостувањето кај Шведска.
Милинковиќ Савиќ го отвори резултатот во 18. минута, Митровиќ зголеми на 0-2 по еден час игра, а точка на натпреварот стави Тадиќ со гол за 0-3 во 70. минута.