Љубителите на ватерполото ќе гледаат балканско калсико во Париз, Хрватска и Србија ќе водат битка за златото.
Откако Србија лесно го совлада САД со 10-6, вечерва „коцкестите“ ја изненадија Унгарија и ја совлада со 9-8.
Во возбудлив и неизвесен натпревар, пресудна беше втората четвртина која Хрватска ја доби со 4-2.
Најзаслужни за триумфот беа Фатовиќ, кој постигна 5 гола, и голманот Бијач кој забележа дури 10 одбрани.