Шефот на холандската дипломатија Каспар Велдкамп кажа дека официјално ќе бара од ЕУ „јасно да ѝ порача на грузиската влада дека патот кој го одбрале има своја цена“. Велдкамп ова го изјави пред пристигнувањето на дводневниот состанок на министрите за надворешни работи на Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ) на Малта. Тој кажа дека ќе побара од ОБСЕ да го истражи дејствувањето на грузиската влада.
Грузијците во моментов можат туристички да патуваат во земјите од ЕУ без виза.