„Ѓаволите“ играат на високо ниво на стартот од 2024 година, попладнево триумфираа со 1-2 на гостувањето кај Лутон за четврта победа во низа во Премиерлигата.
Мечот го одбележа Расмус Хојлунд, кој постигна два гола и испиша историја, Данецот стана најмладиот играч кој ја тресел мрежата на шест натпревари по ред во Премиерлигата.
Напаѓачот го отвори резултатот по само 40 секунди игра, искористи едно невнимание на последниот човек во одбраната и рутински реализираше за 0-1. Хојлунд потоа покажа врвен голгетерски инстинкт, па по еден шут од 16 метри на Гарначо, итро со гради го промени правецот на топката и донесе 0-2 во 7. минута.
Морис намали на 1-2 во 14. минута, и за некое чудо, ова беше и конечниот резултат, и покрај тоа што имаше неколку добри шанси, а натпреварот беше завршен со 40+ шутеви на двете страни.