„ДУИ се вознемири бидејќи не им успеа екстрадицијата на Блерим Рамадан во Србија
Функционерите на ДУИ не можат да го сокријат разочарувањето од пропаднатиот план, според кој, по налог на нивниот познат обвинител, во притвор требаше да биде вратен поранешниот војник на ОВК, Блерим Рамадани, кој потоа со негова помош ќе беше екстрадиран во Србија.
Револтирани од овој нереализиран план, но и длабоко депресивни од деструкцијата што им се заканува во опозиција, ДУИ – соработниците на КОС, се обидуваат да ја фрлат вината таму каде што не ѝ е место. Кај вас е вината и ќе одговарате за сите монтирани случаи, неправди и стоирени криминали“, изјави Хисени.